Контроверзниот Канје Вест се фотографираше со сопругата Бјанка Ценсори во екот на гласините за развод, а еден детал особено ја изненади јавноста.
Како бомба во светските медиуми одекна веста дека контроверзниот рапер Канје Вест се разведува од сопругата Бјанка Ценсори по речиси две години брак .
Како што пишуваат медиумите, оваа позната двојка која привлече внимание со своето скандалозно однесување успеа и овој пат да изненади. Откако го известиле својот близок круг на пријатели дека ставаат крај на бракот, тие се фотографирани заедно!
Канје и Бјанка беа опуштено фотографирани додека купуваа во Токио. Познатиот пар не се грижеше за папараците и изгледаше намерно сакаше да си игра со новинарите и нивните фанови.
Она што ги изненади сите е фактот што Бјанка беше облечена од глава до пети. Онаа од која секогаш сме навикнати на разголени комбинации, овој пат се појави облечена од глава до пети.
Дали славната двојка се помирила или едноставно си игра за доброто на маркетингот, останува да видиме во наредните денови.