Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест, повторно привлече големо внимание откако објави фотографија на која е целосно гола.
30-годишната дизајнерка на Инстаграм сподели фотографија од Полароид на која седи на подот, гола , гледајќи подалеку од камерата, додека ја држи ногата за градите. Единствениот детаљ што го носеше беа пар бели штикли и руса перика.
Бјанка, позната по својот храбар стил на црвениот тепих и модните изјави, ја објави оваа слика на Инстаграм без никаков натпис.
Ова не е првпат Бјанка да ја покажува својата гола фигура. Имено, за време на доделувањето на Греми наградите, познато е дека таа го фрли палтото и го откри целосно голото тело. Очигледно ова било идеја на нејзиниот сопруг Канје Вест, а реакциите на интернет беа бурни.
По овој потег, се појавија извештаи за нивниот наводен развод, но сега се тврди дека тие одлучиле да се обидат да ја спасат својата врска.
Извор изјави за Page Six дека решиле повторно да поработат на својот брак по „многу разговори“ во последните денови.
Тие, наводно, се согласиле дека „не се подготвени да се откажат еден од друг“ откако поминале повеќе време заедно по нивните контроверзни постапки.
Шпекулациите за разводот се појавија откако Канје даде серија шокантни антисемитски изјави на социјалната мрежа Х на Илон Маск.
Канје изјавил „Го сакам Хитлер“ и „Јас сум нацист“ за време на низа провокативни објави, па дури и почнал да продава навредлива маица со свастика на интернет.
Извршниот директор и национален директор на Лигата против клеветата, Џонатан Гринблат, изјави за Дејли Меил дека антисемитските изјави на Канје се „исклучително опасни“.
Канје подоцна рече дека ќе го деактивира својот X профил, заблагодарувајќи му се на Илон што му дозволил да го изрази своето мислење, но тој набрзо се врати на платформата – иако неговите навредливи објави повеќе не се присутни.
Бјанка допрва треба јавно да ги коментира изјавите на нејзиниот сопруг, за кои се тврдеше дека не знаела.
„Бјанка не знаеше дека го прави ова“, изјави извор за Дејли Меил минатата недела. ,,Тие беа во Лос Анџелес, а тој го направу ова среде ноќ“.
Минатата година, извор изјави дека Бјанка е „навистина уморна од неговите обиди да привлече внимание“ и дека е загрижена дека неговите испади „ја прават да изгледа како да е антисемитска, што е сосема спротивно од вистината“.
Сепак, парот беше виден како поминува време заедно и присуствуваше на премиерата на нивниот нов авангарден филм, кој наводно чинел 25 милиони долари и во кој Бјанка ја игра главната улога.
Поголемиот дел од филмот е снимен во Јапонија, но снимањето продолжи на други локации откако Канје и Бјанка ја напуштија земјата.