ВАГНЕР ЈА ‘ТРЕСЕ’ ЕВРОПА – Воена тревога на границата со Полска: “Опасно се блиску, итно испраќаме 10.000 наши војници!“

Полска, земјата со најмногу копнени сили меѓу европските членки на НАТО, испраќа најмалку 10.000 свои војници на границата со Белорусија. Тоа претставува ескалација на вознемиреноста меѓу сојузниците на САД поради присуството на руските платеници т.е. групата Вагнер, во сојузничката земја на Кремљ – Белорусија. 

Откако белорускиот диктатор (претседател) и сојузник на Владимир ПутинАлександар Лукашенко, најави воени вежби на белоруската Армија и Вагнер во близина на границите на земјата со Полска и Литванија оваа недела, додавајќи дека тие ќе го наследат искуството на т.н. специјална воена операција, официјална Варшава реши силно да одговори на овој предизвик.

Полскиот амбасадор во САДМарек Магиеровски, изјави за NBC News дека е „императив“ неговата земја не само да се брани, туку и да го заштити источното крило на НАТО. Регионот, додаде тој, треба да биде подготвен за „понатамошни провокации“ од Москва и Минск во наредните месеци. Полска е единствената земја од ЕУ што граничи со Русија, Белорусија и Украина, а тоа се дури 1.300 километри жешки геополитички линии заедно.

Премиерот на ПолскаМатеуш Моравјецки, минатиот месец предупреди дека околу стотина борци на Вагнер кои пристигнале во Белорусија се движеле кон дел од полската територија познат како Сувалки, веднаш до границата со Литванија. Тоа е многу тенка линија, составен дел на територијата на НАТО, кој ја дели Белорусија од руската енклава Калининград. Во контекст на регионалната географија, преземањето на руско-белоруската контрола врз оваа област би значело дека балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија ќе се најдат отсечени од остатокот на НАТО, што ќе ја направи секоја потенцијална закана особено ранлива. 

Минатата недела Варшава ја обвини Белорусија дека го нарушува нивниот воздушен простор со своите воени хеликоптери. На почетокот на август, белорускиот диктатор цинично и кажа на Полска дека треба да му биде благодарна што ги спречил борците на Вагнер да не одат на „патување“ во полскиот пограничен град. Освен Полска, многу е загрижена и Литванија: тамошниот претседател Гитанас Науседа се сретна со Матеуш Моравјецки токму во регионот Сувалки минатата недела.

Изјавата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во средата дека Москва ќе ги зајакне своите сили на западните граници сведочи дека играта на создавање тензии на границата со европскиот запад меѓу Минск и Кремљ е внимателно разработена. Сергеј Шојгу причината за тоа ја најде во пропагандна лага дека Полска планира да ја окупира западна Украина, што е класичен обид на Кремљ да го посее семето на раздор меѓу Украина и Полска.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, на прашањето од неколку медиуми за зголемената температура на полско-белоруската граница, кажа дека Алијансата веќе значително го зголемила своето одбранбено присуство на истокот и дека продолжува да прави се што е потребно за да се одврати каква било закана и да се заштити секој сантиметар на сојузничката територија. Според неа, НАТО внимателно ги следи сите воени активности внатре во Белорусија. Во изненадувачко отстапување од неговата воинствена реторика кон Полска, Александар Лукашенко во петокот направи ненадеен обид да ги смири зголемените тензии со тоа што му нареди на својот премиер да воспостави контакт со Варшава за да ги обнови односите.

Реално, во моментов, постои мала веројатност за вистински апетит на Кремљ за директна конфронтација со Полска и НАТО“, смета поранешниот британски офицер и предавач по воена стратегија на британскиот универзитет во Портсмут, Френк Ледвиџ. Сепак, последната одлука на Варшава да испрати илјадници војници на границата е сосема разбирлива и пропорционална на ублажување на стравот на граѓаните. Дополнително, не треба да се занемари дека владејачката десничарска Влада во Полска веќе се соочува со парламентарни избори во октомври и дека ќе биде многу среќна да го прифати предизвикот на заканата во секоја смисла и силно да ја покаже својата грижа за националната безбедност.

Владимир Путин го искористи трансферот во Белорусија и вежбите на платениците на Вагнер таму како имплицитна и нејасна закана за источните членки на НАТО, принудувајќи ги да посветат дополнителни ресурси за одбрана на границата“, според Кимберли Мартен, професорка по политички науки на Универзитетот „Колумбија“. И таа го дели ставот дека во позадина најверојатно е дизајнираното вознемирување на Владимир Путин со цел да се оттргнат ресурсите и вниманието на НАТО од Украина и Црното Море, а можеби и да се сварат посакуваните деструктивни и про-Кремљ тези во изборните политички дебати во Полска

Од друга страна, ова е и пораката на Владимир Путин до самите платеници на Вагнер, до неодамна бунтовниците на Евгениј Пригожин против Кремљ, дека можеби отишле подалеку од самата Русија, но сепак се доволно блиску за да бидат внимателно следени.

БелорусијавојнаНАТОПолскаРусијаСувалкиУкраина