Товарен воз што превезувал хлор излета од шините во Охајо, по што следеше голема експлозија, што предизвика итна евакуација на жителите кои живеат покрај пругата.
Според првите информации, несреќата се случила источно од Питсбург, кога товарен воз со 100 вагони излетал од шините, а потоа удрил во бензинска пумпа, предизвикувајќи страшна експлозија и пожар.
Пожарникарите и полицијата наредиле евакуација на жителите во радиус од 2 километри од местото на експлозијата.
Засега нема информации за загинати и повредени.