Поминаа 17 години откако Тоше Проески, за кој многумина тврдеа дека ќе стане најголемата балканска ѕвезда поради неговиот божествен глас, загина во сообраќајна несреќа. А освен тоа што имаше глас како ангел, Тоше имаше и ангелски особини, за кои и денес зборуваат сите кои го познавале.
Денеска почина и неговиот татко кој 16 и пол години тагуваше по својот миленик.
Неговите родители никогаш не се помириле со неговата смрт, а неодамна за нив зборувал и нивниот сосед
– Неговите родители се физички истрошени, не им е добро. Тагуваше целиот народ, цел Балкан. – изјавил за Блиц соседот на Тоше, додека родителите немале сила да проговорат за медиумите. Живееле тивко и мирно, во Крушево, во куќа на која на ѕидот е насликана сликата на нивниот син.