Магионичарот на шоубизот Саша Поповиќ почина на 1 март, на 70-годишна возраст.
Поповиќ се борел со страшна болест, а последните денови ги поминал во клиника во Париз.
Тој се лекуваше од рак во една од најдобрите клиники во Европа, но за жал, немаше лек.
Последните денови ги помина во болница, опкружен со најблиските луѓе. Кога дознале дека состојбата му се влошила, најблиските пријатели на Саша отишле во Франција да бидат со него.
Инаку, како што дознава Телеграф, Поповиќ помалку од една година водел жестока битка со една од најопасните и подмолни болести, ракот на желудникот.
Саша во мај минатата година доживеа незгода со ногата поради која оди на лекар. При прегледот се пожалил на болки во стомакот, а по прегледите било откриено најлошото.
Од тој момент, Поповиќ прави се за да излезе победник од борбата со својот најголем непријател.
Тој се лекуваше во најсовремена клиника во Париз каде по девет месеци борба, денес, 1 март 2025 година, ја загуби најголемата битка во животот.
Погребот ќе се изврши во четврток, а времето и локацијата дополнително ќе бидат објавени.