Албанските медиуми објавија снимки од последните моменти на 39-годишната Алма Арази и нејзините три деца, пред да се удават во реката Бојана.
Видеата ги снимиле камерите на околните фирми, а проверките ги извршиле полицијата и Обвинителството за расветлување на овој настан.
На една од снимките се гледа моментот кога Алма со трите деца се разделива од снаата, откако излегле од локалот каде пиеле кафе околу 20:09 часот.
Братучедката на Алма, откако застана и ги размени последните зборови со Алма, го извади нејзиниот телефон и изгледаше како да разговара со некого. Потоа заедно со своето дете тргнува на пат во друга насока.
Камерите снимиле дека Алма потоа во 20 часот и 21 минути дошла кон реката Бојана. На видеото се чини дека тие не скокнале од мостот, туку дека мајката ги спуштила децата под мостот, ги однела до брегот на реката и ги турнала во водата.