Ако ја изберете најубавата жена од јавната сцена, во историјата, големи се шансите да победи Мерлин Монро. Извонредната убавица чие вистинско име беше Норма Жан Мортенсо ја започна својата кариера во 1945 година. Приказната заврши во 1962 година кога беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лос Анџелес. Смртта на познатата актерка и денес е голема мистерија, додека нејзината титула за икона за убавина останува силна како и пред осум децении бидејќи набрзо откако се појави на јавната сцена, беше прогласена за неприкосновена убавица.
Интригантната Мерлин Монро плени со својата убавина. Иконата на поп културата беше најплатената актерка во светот за една деценија, со нејзините филмови кои заработија 200 милиони долари (што би било 2 милијарди долари во 2022 година).
„Нијагара“, „Мажите претпочитаат русокоси“, „Како да се омажиш за милионер“, „На некои им се допаѓа жешко“, „Седум години лојалност“ – тие филмски наслови го евоцираа нејзиниот раскошен талент, кој често беше оспоруван со истакнување само на нејзината убавина. Но, Мерилин беше надарена актерка и вистинска ѕвезда.
Поради сето она што го постигна во кариерата и поради влијанието што го имаше врз светската публика, таа и денес го буди интересот на јавноста . И поради нејзините улоги и поради нејзиниот изглед, толкав интерес предизвика видеото на кое се гледа како изгледа Мерлин Монро без шминка.
„ Најубавата жена во историјата, а нема дебата“, „Убава и без шминка и со шминка“, „Најубавата жена досега“ , се смета.
Фотографиите на кои таа е нашминкана ги предизвикаа следните реакции: „Ја гледам Мерилин, ја гледам Бритни Спирс“, „Исти се, како копирани“, „Колку личи на Бритни Спирс“.
Претходно пејачката Бритни Спирс беше споредувана со познатата Мерлин Монро, а имаше и коментари дека музичката ѕвезда е реинкарнација на познатата актерка која исто така се занимавала со пеење.