Ferrari GTC4 Lusso и Porche 918 Spyder ,,загинаа” во Кина откако во нив во подземна гаража се удри BMW од серијата 3. Според локални извори, можно е да се заклучи дека овој инцидент се случил откако маж и жена се скарале додека возеле и барале место за паркирање.
Според медиумите, жената сиот свој гнев го истурила на моделот Ferrari GTC4Lusso, туркајќи го врз белиот модел на Porsche 918 Spyder, кој потоа се забил во Mercedes-Benz E-Class.
Пред да удри во Ferrari, разбеснетата жена го искористи семејното BMW за да изгребе уште неколку паркирани автомобили и да испокрши неколку столбови од гаражата, оштетувајќи го и нејзиниот заден дел. Фотографиите од гаражата јасно докажуваат дека задното крило заедно со повеќе од половина од левиот заден дел на суперавтомобилот GTC4lusso останале прилично стуткани по ударот. Дополнително, се чини дека и едно од тркалата на овој модел на Ferrari претрпе оштетувања.
Сумирајќи ја штетата, вреди да се истакне дека Porsche 918 Spyder е најскапиот автомобил за поправка, а по него следи Ferrari кое е набиено на едната страна. Предниот дел на машината 918 е притиснат на бетонски столб, така што хибридниот хиперавтомобил најверојатно ќе бара ново крило, фар и преден браник.
Возилото BMW R18 паркиран зад Porsche исто така изгледа оштетено, додека со сигурност е тешко да се каже колкава штета претрпел автомобилот од E-Class паркиран до 981, иако се чини дека претрпел само неколку гребнатини и помали вдлабнатини .