Вака изгледа машки полов орган под микроскоп: Познатиот доктор покажа пресек, а еве од што се состои (ВИДЕО)

Дали некогаш сте се запрашале што се наоѓа внатре во машкиот генитален орган и како тој всушност изгледа? Познатиот доктор Каран Раџ, хирург и предавач на Универзитетот во Сандерленд, решил да го земе микроскопот во раце и да покаже што се крие зад парчето машка гордост.

Во видеото на TikTok кое во моментов е прегледано повеќе од 266.000 пати, лекарот покажа пресек на машки генитален орган кој, според неговиот опис, изгледа како некаква салама. Тој објасни како органот се состои од три цилиндри. Првиот и вториот се дел од органите кои се полни со крв за време на ерекцијата.

„Кога внимателно ќе погледнете под микроскоп, во суштина тоа е нежен сунѓер. Овие мали простори меѓу крвните садови се клучни за проширувањето на љубовниот проектил. Ова му овозможува значително да се прошири додека се полни со крв, и овие гранки на гениталната артерија што ја гледате е меѓу најмалите во телото“, објасни докторот и објасни зошто:

,,Лесно е да се види зошто. Како што човекот старее и овие крвни садови се стеснуваат, полесно е да добие еректилна дисфункција, која често може да биде предупредувачки знак за срцеви заболувања”, додаде тој.

Третиот дел од органот, наречен „corpus spongiosum“ , има уретрата што минува директно низ него. Овој цилиндар е исто така исполнет со крв.

„Кога се полни со крв и се шири, ја стиска уретрата, поради што не можете да мочате кога сте вкочанети. Овие крвни садови имаат мускулен слој кој може брзо да се релаксира за да го зголеми протокот на крв, претворајќи ја опуштената гордост во еден подготвен за акција“, објасни докторот за крај.