Вака изгледа новиот дом на Адријана Лима: За 40 милиони ја продаде куќата во која живееше со Јариќ, а сега создаде уште едно катче со својот вереник (фото/видео)

Бидејќи во еден момент ги избриша речиси сите фотографии од социјалните мрежи, Адријана Лима извесно време беше многу внимателна што објавува од приватниот живот.

Сепак, изгледа дека во последно време малку се опуштила, а јавноста за првпат можеше да го види нејзиниот син Сајен, кој го имаше со вереникот Андре Лемерс, а во неколку наврати им дозволи на своите следбеници да ѕирнат во луксузен дом во Брентвуд, како што направи еднаш кога го дозна полот на бебето.

Да потсетиме, 
манекенката го купи овој луксузен имот откако ја продаде вилата во Мајами во која живееше со Јариќ и нејзините ќерки, а нејзиниот нов дом најдобро може да се опише како „мал рај на земјата“.  
Во реновирањето на вилата вложиле околу 12 милиони долари, а иако не се гледаат сите делови од имотот, на YouTube има видео од вилата пред реновирањето. 

Имотот има шест спални соби и шест бањи. Добро е ограден и изолиран од љубопитните погледи, а собите се уредени во светли тонови, со многу природна светлина. Во внатрешноста на имотот имаат гостинска куќа, како и голем базен до кој има надворешна трпезарија со бар и камин, како и простор за скара.

Лима сакала нејзиниот нов дом да биде „затворен“ и удобен, со многу зеленило, а сега со своите следбеници сподели како ја уредувала дневната соба пред претстојните празници.

Taа покажа и огромна елка на која доминираат црвени украси, а вака оддалеку може да се забележи дека нејзината куќа има топла, семејна атмосфера.

Скриено, модерно, малку традиционално и со многу детали. Се издвојуваат и светилките во сребрена и златна боја кои можете да ги видите покрај огромната елка.

Инаку, манекенката во минатото на својот Тикток покажуваше детали за имотот каде живее со Лемерс.