Снимена е грозоморна сцена по борбата гради в гради на фронтот кај Авдијивка!
На вознемирувачкото видео кое трае дури седум минути, се гледа позицијата на вооружените сили на Украина покриена со десетици тела на војници од двете страни. Невозможно е да се избројат мртвите, секоја ископана дупка е исполнета со тела, а многу од нив дури излегле надвор од земјата…
Многу војници беа буквално распарчени од експлозиите, а со оглед на паднатите дрвја, речиси е сигурно дека шумичката била силно бомбардирана пред рускиот напад.
Запалени воени возила може да се забележат и во околните ниви.
Засега не се знае точно каде е снимено видеото бидејќи на тој дел од фронтот претходните денови се водеа жестоки битки за многу населени места.
Поради напредувањето на руските сили, Украина во средата нареди итна евакуација на преостанатите жители на Новоалександривка, додека каналот DeepState Telegram објави дека Русите ги зазеле селата Керамик и Новокалиново еден ден претходно.
— Pluton (@Pluton45873221) May 1, 2024
Припадниците на руските сили, да потсетиме, наишле на страшна сцена и по повлекувањето на украинската војска од западниот дел на Бердичи. На ужасното видео, десетици тела на украински војници можат да се видат меѓу куп ѓубре во областа околу ровот и малите земуници. Некои тела се во напредна фаза на распаѓање, додека други се обезличени од експлозии.
Сцената била толку ужасна што дури ни војниците кои снимале не можеле да поверуваат во тоа што го гледаат.