Светлана Драгијевиќ од Злот, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ , денеска беше погребана на локалните гробишта .
Таа почива покрај нејзиниот син Далибор .
На погребот присуствуваа и осомничениот за убиството на Данка, нејзиниот син Дејан Драгијевиќ, како и нејговиот татко Радослав (73) , кој исто така е во притвор. Тие останале само пет минути, запалиле свеќа, а не смееле да комуницираат со никого.
Како што пренесуваат српските медиуми братучед на Драгијевиќ, кој работи како гробар на гробиштата во Злот рекол: „Не изгледаа добро, па како може човек да изгледа во затвор“.
Ова е слика на Радосав Драгијевиќ од денешниот погреб на неговата сопруга Светлана.