Црно-белите имаа(т) многу причини да бидат задоволни и да слават.
Кошаркарите на Партизан станаа шампиони во АБА лигата за прв пат по 2013 година со победата над Црвена Звезда со 96:85 во мајсторката одиграна во четвртокот навечер.
Имаат многу причини за задоволство, особено ако се земе предвид колку тешки порази претрпеа црно-белите во последните две сезони.
Како што покажува видеото од соблекувалната, посебно славеле странците.
Во еден момент пристигна пакет пиво од тренерот Жељко Обрадовиќ, кое со воодушевување го дочека Џејмс Нанели. Матијас Лесор наздравуваше со музика, додека еден кошаркар „побегна“ затоа што не сакаше некој да го полие со пиво.
Јоанис Папапетроу се „скри“ додека најголемата доза пиво врз главата добија претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ, Ален Смаилагиќ и Алекса Аврамовиќ.
Кевин Пантер не се раздели со пехарот, сепак, не пропушти да го со пиво да го прослави успехот.
Членовите и играчите на Партизан до раните утрински часови ја славеа титулата освоена во АБА лигата, совладувајќи ја во финалето Црвени Звезда!
Црно-белите во четвртокот вечерта стигнаа до 3:2 во серијата против вечниот ривал и најпрво заедно со навивачите на домашен терен го прославија големиот успех.
Но, тие подоцна ја продолжија прославата во еден белградски локал каде избраната група најпрво скандира „Земи ја Жељко евро-титулата“, а самиот Обрадовиќ да биде трогнат во срцето по една песна.
Имено, пејачката во еден момент запеа „Се за љубов, се за Партизан“, а Обрадовиќ стана и и даде бакшиш пред самиот да почне да скандира.