За пејачката Дуа Липа нема забранети теми, па во подкаст порача дека секој треба да помине одлични ноќи во кревет со партнерот.
Имено, Дуа Липа сега проговори за интимните врски и објасни како ги разгорува страстите во кревет. Најважно е тоа никогаш да не биде досадно и монотоно.
Таа нагласи дека сè е многу едноставно и дека ,,тајната” на добрата врска е искрената комуникација со партнерот, но тоа не треба да го правите во спалната соба.
Дуа Липа смета дека паровите треба да зборуваат за своите желби и навики во кревет. Тaa смета дека само така може врската да опстане и да има страст и по десет години врска.
„Сосема е бизарно да не разговарате со партнерот за тоа што тој сака во кревет а што не сакате вие. Искри мора да летаат во кревет и треба да можете уште повеќе да се зближите со партнерот. Мислам дека е важно да се нормализира разговорот за интимните односи и да се зборува за тоа послободно, за да се ослободиме од вината и срамот“, објасни пејачката.
За да уживате во партнерот дури и додека стареете, една работа е клучна, според Дуа.
,,Клучот за трајна љубов е да се најде забава еден во друг. Мора да бидете возбудливи, а учењето нови работи за вашиот партнер никогаш не треба да престане“, заклучи таа.