ВАКА ЈЕЛЕНА ЃОКОВИЌ ПРАВИ ТОРТА БЕЗ ШЕЌЕР: Ја обожува целото семејство, а фотографијата ќе ве остави без зборови

Рецептот на Јелена Ѓоковиќ ќе ги воодушеви сите љубители на колачи.

Исхраната на Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се заснова на здрава храна, а она што го прават како оброци е исклучително вкусно и инспиративно за подготовка. Ако сè уште не сте, еве ви шанса да го пробате. Имено, сопругата на најдобриот тенисер се пофали со деликатес на кој нејзините најблиски не можат да одолеат, а рецептот на Јелена Ѓоковиќ го пренесуваме во целост.

Состојки:

– 200 гр какао путер

– 2 лажици кокосово масло

– 150 гр какао во прав

– 3 лажици јаворов сируп

  • 1 лажичка лецитин

Состојки за слојот од бело чоколадо:

– 100 гр какао путер

– 1 лажица кокосово масло

– 3 лажици јаворов сируп

– 1 лажичка лецитин

Подготовка:

Растопете ги путерот од какао и маслото, па додајте ги сите преостанати состојки. Добиената смеса поделете ја на два дела, па на едниот додадете неколку лажици кокосово или бадемово млеко. Добро измешајте.

За слојот од бело чоколадо растопете ги путерот и маслото, додадете ги останатите состојки и убаво измешајте. Сега имате три чинии со три различни мешавини.

Оставете ги да се изладат и малку да се стврднат, па од секоја смеса истурете по една лажица во калапите за мафини, за да се измешаат како што е прикажано на сликата. Оставете го во замрзнувач 30 минути, а можете да го послужите и да уживате во вкусен десерт.