Вака ќе изгледаат автомобилите на BMW во иднина 

Германскиот гигант BMW има големи амбиции за иднината, што може да се види во новиот дизајн за концептот Neue Klasse.

Новиот дизајнерски израз нема да влијае само на електричните автомобили, туку и на целата гама на BMW. Без разлика дали се работи за електричен автомобил, хибрид или автомобил со традиционален мотор, сите тие ќе изгледаат слично.

Футуристичкиот изглед кој можете да го видите на овие слики е неизбежната иднина на BMW, изјави за „Top Gear“ Адријан ван Хојдонк, шеф за дизајн во оваа германска компанија.

„Секако ќе има пропорционални разлики, но големиот напредок со електричните возила ќе се пренесе на сите наши возила со овие технологии и дизајнерски јазик“, рече Хојдонк.

Тој додаде дека „ова нема да биде тешко за клиентите, бидејќи тие ќе можат да го изберат погонот, а од друга страна, секој ќе добие модерни автомобили“.

Како што може да се заклучи, новиот дизајн ќе се потпира на „Hi-Tech“ елементи како што е екран на допир кој изгледа како да доаѓа од иднината, потоа футуристички контроли на воланот и пристап ориентиран кон животната средина кога станува збор за материјалите. .