Српскиот кошаркар Никола Јокиќ сезонава продолжува да ги поместува границите во најсилната лига на светот.
Во поразот на Денвер од Сакраменто Кингс (123:117), маестралниот Сомборац постигна импресивен трипл-дабл , негов осми сезонава, а вкупно 113-ти во кариерата во НБА.
Натпреварот го заврши со 36 поени, 14 асистенции и 13 скока.
Посебно импресионира фактот што вторпат по ред оствари трипл-дабл со 30+ поени без загубена топка! Никој не успеа да го направи тоа во последните 40 години.