Невидена трагедија се случи во селото кај Сјеница, кога момче (12) се самоуби со бесење на дрво на ридот над куќата.
Брзата помош веднаш по повикот пристигнала на местото на настанот, но за жал момчето не можеле да го спасат.
– Го нашле обесен, а со јажето ги врзувал балите сено. Ова е вистинска трагедија, нè погоди сите нас. Семејството живееше во многу тешки услови и од некои нивни блиски можевме да слушнеме дека момчето има самоубиствени мисли, но не ни сонувавме дека ќе си го одземе животот – изјавиле видно потресенитњ селани.
Овој трагичен настан дополнително нагласува колку е важно да се работи на менталното здравје на целата заедница, но и да се обезбеди навремена помош на оние на кои тоа им е потребна.
– Ги повикуваме сите да бидат хумани и да се солидаризираат во овие тешки моменти. Важно е заеднички да се ангажираме за да ги обезбедиме потребните ресурси и поддршка за менталното здравје во заедницата и да работиме на превенција од слични трагедии во иднина – изјави директорот на Здравствениот дом во Сјеница, д-р. Алтан Хамидовиќ.