Ракометарите на Еурофарм Пелистер по два одиграни натпревара во регионалната СЕХА-лига, утре ги очекуваа првиот меч годинава во Европската лига. Битолчани во 7. коло гостуваат кај дански Архус.
Тренерот на Пелистер, Ларс Валтер верува дека неговиот тим полека влегува во посакуваниот ритам и се надева на добар резултат во Данска.
– Последните два дена работиме со добро темпо. Играчите кои беа надвор од тимот почнуваат да го фаќаат тој ритам. Видливо беше дека ни недостига такво темпо на претходните два натпревари, иако со Нексе бевме нешто подобри. Последните два дена изгледаме подобро. Секако, во Данска одиме да одиграме добар натпревар и да освоиме бодови. Таков е планот, изјави Валтер.
Капитенот Мирко Радовиќ смета дека тимот е подготвен и тактички и физички и се надева на реванш за поразот во Битола.
-Се подготвуваме добро. Го анализиравме првиот натпревар со нив и се надевам дека нема д аги повториме грешките. Архус игра феноменално, имаат извонредна транзиција. Сепак ние одиме таму да дадеме максимум.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 18 часот и 45 минути.