Џенифер Лопез објави како ќе изгледа насловната страница на нејзиниот нов албум „This Is Me… Now“, што е продолжение на нејзиниот албум „This Is Me… Then“ од 2002 година. Латино дивата позира во вамп фустан без градник кој ја истакнува сета нејзина сексипилност, а сепак изгледа многу елегантно.
Во серијата нови фотографии направени за промоција на нејзиниот нов албум, Џеј Ло едноставно блеска во црн, тесен фустан без прерамки кој ја истакнува нејзината прекрасна фигура на песочен часовник.
Но, оваа секси креација има и прилично длабоко деколте, односно шлиц кој достигнува речиси до папокот, а кој го открива најголемиот дел од нејзиното торзо.
Тоалетата иако открива многу, не остава вулгарен впечаток, туку ја истакнува сензуалноста на 54-годишната пејачка.
Џенифер го заокружи изданието со скапо ланче на Гучи, и фризура во форма на бујна „грива“ полна со бранови и заводлива шминка. Очекувано, фотографиите ги воодушевија нејзините фанови и за само три дена собраа речиси милион лајкови.
Инаку, новиот албум на познатата дива главно зборува за тоа колку е вљубена во својот сопруг Бен Афлек , а се очекува да излезе на 16 февруари годинава.