– Издвојувањата на кинеската држава за потребите на системот за национална одбрана во основа се стабилни веќе долги години, со „умерени и разумни“ зголемувања, изјави денеска портпаролот на кинескиот Парламент, Ванг Чао.
Тој посочи дека модернизацијата на кинеската армија нема да претставува закана за која било земја.
Тој беше прашан од новинарите колку е зголемен буџетот за потребите на одбранбениот систем оваа година и дали воопшто се зголемил, но тој одби да даде прецизни податоци или бројки.