Вандализиран споменикот на убиениот полицаец во „Диво Насеље“.

Вчера беше вандализиран споменикот на еден од припадниците на безбедносните служби, убиен во вооружениот инцидент „Диво Насеље“, Горан Стојменовиќ, како и иконите кои се дел од светиот крст во паркот во Инџикова на општина Гази Баба.

Веста на Фејсбук, заедно со фотографии, синоќа ја објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, остро го осудува вандалскиот чин.

„Ваквиот чин изведен на денешниот голем македонски празник Илинден и христијанскиот празник Св. Илија претставува срамен и кукавички чин кој заслужува најстрога казна“, пишува меѓу другото Стефковски.