Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди ја искористи паузата во турскиот шампионат за да замине на одмор во Обединетите Арапски Емирати со сопругата Ванда Нара и нивните деца.
Како што обично прави, провокативната Аргентинка и овојпат објави моменти на среќа на социјалните мрежи.
Посебно внимание привлече пикантно видео на кое се гледа како фудбалерот излегува од вода.
Ванда Нара потоа ја пее нејзината песна наречена „Лоша девојка“.
„Гледам и сакам, сакам и добивам“, е рефренот на оваа песна што му ја отпеа на Мауро.