Францускиот фудбалер Рафаел Варан за првпат проговори откако се повлече од националниот тим.
Стоперот на Манчестер Јунајтед пред два дена одлучи да стави крај на репрезентативната кариера и повеќе да не игра за Франција, со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, а загуби од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар пред месец и половина.
На почетокот многумина не ја сфатија причината за ваквата ненадејна одлука, но сега Варан, кој има само 29 години, објасни се:
“Дадов се што можев, физички и психички. Сепак, највисокото ниво на фудбалот е како машина за перење, играш цело време и никогаш не престануваш. Распоредот ни е полн и играме без престан! Во моментов се чувствувам како да се гушам, играчот Варан почна да го гуши човекот Варан“, изјави францускиот фудбалер за „Канал+“.