Министерот Муртезани на средбата со Вархеји, пак, посочил дека во следниот период исклучително важно е да се создаде соодветна и позитивна политичка клима и јавна поддршка за промените и реформите кои следуваат, меѓу кои и уставните измени.
Имавме добра размена на мислења за пристапниот процес на Северна Македонија со министерот за европски прашања Орхан Муртезани, напиша еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на социјалната мрежа Икс, по зедничката средба денеска во Брисел.
„Проширувањето е наша заедничка цел. Се согласивме дека нема време за губење кога станува збор за завршување на потребните чекори“, напиша Вархеји.
Според него, сите алатки се тука за да се направи голем успех за луѓето од земјава.