Доколку до сега не сте имале прилика да ја посетите оваа прекрасна зграда, тоа можете да го направите „од далечина“ благодарение на вештачката интелигенција. Имено, Ватикан и Мајкрософт создадоа неверојатна 3Д реплика на базиликата Свети Петар за виртуелни тури.
Ватикан и Мајкрософт создадоа дигитална верзија на вештачката интелигенција (АИ) на базиликата Свети Петар во Рим, која овозможува виртуелни тури за туристите, а истовремено помага да се решат грижите за зачувување на еден од најважните споменици во светот.
400.000 дигитални фотографии со висока резолуција направени со беспилотни летала, камери и ласери во текот на четири недели беа искористени за создавање на оваа верзија на базиликата, а сега е достапна на интернет – заедно со две нови локации посветени на споменикот, кои обезбедуваат интерактивно искуство за посетителите. објави АП.
– Ова е буквално еден од најсовремените технолошки проекти од ваков вид што некогаш е реализиран – изјави претседателот на Мајкрософт, Бред Смит на прес-конференција во Ватикан.
Тој објасни дека репликата на базиликата во ултра прецизна 3Д технологија е развиена во соработка со компанијата Икон за дигитално зачувување и дека содржи 22 терабајти податоци.
Проектот започна во пресрет на 2025 година – јубилејната година на Ватикан и Светата година за Римокатоличката црква, во текот на која се очекува повеќе од 30 милиони аџии да поминат низ вратите на базиликата, покрај редовните 50.000 посетители кои секојдневно го посетуваат.
– Сите, навистина сите, треба да се чувствуваат добредојдени во оваа голема куќа – рече папата Фрањо, кој во понеделникот ги прими Смит и членовите на тимот што го развија овој проект и им се заблагодари за постигнатото.
Посетителите можат да резервираат време за посета на базиликата преку дигитална платформа, што е исто така новина кога станува збор за еден од најпосетуваните споменици во светот каде туристите нормално чекаат во ред со часови за да влезат.