Ватикан објави досега невидено видео на папата Франциско: Неформална облека и емотивна порака

Прес-службата на Ватикан објави досега невидено видео од папата Франциско, снимено во јануари, во кое папата испрати трогателна порака до децата.

За време на еден од настаните во Ватикан, папата им испрати порака на децата во која посочи дека прво мора да научат да слушаат.

„Драги момци и девојки, една од најважните работи во животот е да слушате, да научите да слушате. Кога некој зборува со вас, почекајте да заврши за да го разберете добро, а потоа кажете нешто. Важно е да слушате. Погледнете ги внимателно луѓето, луѓето не слушаат. Тие одговараат на половина пат од објаснувањата и тоа не помага во мирот. Слушајте, слушајте многу” рече.

После тоа рече дека мора посебно да внимаваат на бабите и дедовците.

„Не заборавајте бабите и дедовците. Тие нè учат многу“, рече папата.

Она што е интересно е дека папата на ова видео е во неформална облека, што е уште еден показател дека не обрнал многу внимание на одредени правила, особено кога станува збор за „мали, обични разговори“ со луѓе.

Ватикан објави дека конклавата или изборот на наследник на папата Франциско ќе започне на 7 мај.

Одлуката за почеток на конклавата ја донесоа кардиналите собрани во Рим за време на Петтата генерална конгрегација, одржана во понеделник наутро во Синодската сала на Ватикан.

Конклавата ќе се одржи во Сикстинската капела во Ватикан, која за тоа време ќе биде затворена за посетители.