Првиот човек на Пентагон, Лојд Остин, вели дека верува оти е неопходно да се одржи директна комуникација со Русија односно министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
„Мислам дека е неопходно да имаме можност да разговараме со пријателите, исто така ни е важно да можеме да разговараме со противниците. Важно е овие канали за комуникација да бидат отворени“, изјавил Лојд Остин, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додал дека е важно тие канали да останат отворени.
„Дури и во екот на сето она што се случуваше во односите меѓу Русија и Украина, имав можност да го земам телефонот и да разговарам со рускиот министер за одбрана. И мислам дека тоа е важна критична способност што треба да ја задржиме за управување со кризи“, посочил Лојд Остин.
Претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Кина, Си Џинпинг, за време на разговорите во Сан Франциско се согласија дека нивните земји ќе ја продолжат комуникацијата на ниво на двете Армии и ќе соработуваат во борбата против трговијата со дрога.