Вашите омилени грицки ќе ве одржуваат здрави, не ги избегнувајте

Доколку секојдневно јадете ф’стаци, благодарение на нивните хранливи состојки, ќе забележите бројни позитивни ефекти врз вашето здравје.

„Фстаците се извор на протеини со сите девет есенцијални амино киселини. Тие содржат здрави мононезаситени и полинезаситени масти, полни се со влакна и антиоксиданси“, вели нутриционистот Тејлор Берген, пренесува Eating Well.

Меѓу другото, тие имаат калциум и магнезиум кои ќе ви помогнат да го одржите нормалното ниво на крвен притисок. Тие се и природен извор на калиум, минерал кој помага да се спротивстават на ефектите на натриумот во телото. Покрај споменатите минерали, ф’стаците содржат и фитостероли и антиоксиданси, кои даваат дополнителни позитивни ефекти врз кардиоваскуларниот систем.

Благодарение на каротеноидите лутеин и зеаксантин ќе го подобрите здравјето на вашите очи. Лутеинот и зеаксантинот помагаат да се филтрира потенцијално штетната светлина, намалувајќи го ризикот од болести на очите што доведуваат до губење на видот, како што се макуларна дегенерација и катаракта.

Некои луѓе сè уште мислат дека јадењето јаткасти плодови ќе резултира со зголемување на телесната тежина. Сепак, податоците покажуваат дека консумацијата на ф’стаци не е поврзана со зголемување на телесната тежина или зголемен ризик од дебелеење. Истражувањата меѓу другото покажале дека конзумирањето на ф’стаци како ужина е поврзано со намалување на обемот на половината кај младите жени.

Јадењето ф’стаци, исто така, помага да се контролира шеќерот во крвта, што ги прави одличен избор ако имате дијабетес. Тие се исто така добри за здравјето на цревата.