Вбризгал уље во бицепсите, па завршил во болница: Сите коментираат за фотографиите и како му изгледаат сега рацете

Веројатно сте слушнале за рускиот инфлуенсер Кирил Терешин , попознат како Попај, кој се бори со своето здравје откако им инјектирал на бицепсите смеса на база на масло наречена „синтол“.

Тој е многу активен на социјалните мрежи , каде што ги информира своите обожаватели за својот приватен живот, а неодамна објави фотографии од болницата со преврзана лева рака.

Загрижена мајка

Заедно со фотографијата, Кирил накратко напиша: „Операција за отстранување на бицепси“.

Повеќето корисници не се изненадени што завршил во болница, додека зад него може да се види кревет и разни уреди. Дали неговото здравје одеднаш се влошило, или ги послушал советите на фановите и семејството и дошол во болница, останува мистерија.

Ве потсетуваме дека мајката на Кирил јавно ја изрази својата загриженост неколку пати, а ова не е прв пат тој да биде примен во болница поради „напумпани“ бицепси.

„Лошо е за неговото здравје. Од време на време има воспаление. Нема ништо добро во тоа. Секако, како мајка многу се грижам“, рекла таа .

Ризик од компликации

Хирургот Дмитриј Мелников минатата година предупреди дека компликациите предизвикани од инјекциите базирани на „синтол“ би можеле да доведат до фатален исход.

„Ризикот од компликации во овој случај е многу висок. Токсичната супстанца во телото може да ја комплицира работата на бубрезите на долг рок и да доведе до смрт“, објасни тој.

Младиот инфлуенсер веќе мораше да оди под нож, кога лекарите му ги исчистија затнатите трицепси, отстранија дел од мртвиот мускул и му го исцедија вишокот течности од бицепсот.

Лавина од коментари

Кирил признал дека неговите здравствени проблеми се „резултат на неговата сопствена глупост“, а откако почнал да ја зголемува мускулната маса на рацете на 20-годишна возраст, објавува „Дејли Стар“.

На најновите фотографии, тој покажа како изгледа неговата лева рака – по интервенцијата, и предизвика лавина од коментари.

„Требаше да го направиш тоа пред пет години“, „Дали конечно го сфати проблемот“, „Добро е што преживеа“, гласеа дел од пораките.