ВДОВИЦАТА НА ЕВГЕНИЈ ПРИГОЖИН ГО ПРОМЕНИ ИНДЕТИТЕТОТ – Повеќе не го носи презимето на озогласениот лидер на групата Вагнер !?

Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот лидер на групата Вагнер, кој загина во сомнителна авионска несреќа минатиот месец, официјално го смени презимето. 

Системот SPARK забележа дека Љубов Пригожина сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева, пренесуваат руските независни медиуми. Системот добил информација за промената на презимето на 15. септември, иако нема информации кога се случила промената на презимето.

Руските медиуми наведуваат дека тоа е моминското презиме на вдовицата на Евгениј Пригожин. Поранешниот водач на платеници остави две ќерки и еден син, но не се знае дали тие го смениле презимето.

Евгениј Пригожин

Инаку, Љубов Пригожина е фармацевт и истовремено сопственик на „Агат ДООЕЛ“, подружница на „Конкорд Менаџмент“ и „Консалтинг ДОО“, компанија која беше во сопственост на поранешниот газда на Вагнер.

ВагнерЕвгениј ПригожинРусијасемејство