Сопругата на Евгениј Пригожин, покојниот лидер на Вагнер, официјално го смени презимето помалку на од еден месец по неговата смрт.
Рускиот портал Фонтанка наведува дека вдовицата сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева и дека под тоа име била запишана во официјалните документи на 15 септември. Нема информации кога го поднела барањето за промена на презимето.
Фонтанка додава дека вдовицата на водачот Вагнер го вратила своето моминско презиме.
Евгениј и Љубов имаа син и две ќерки.
Платеничкиот водач Евгениј Пригожин, да потсетиме, загина на 23 август кога неговиот деловен авион се урна во регионот Твер. Деловен авион со 10 патници и членови на екипажот се урна во близина на селото Куженкино на пат од Москва кон Санкт Петербург.