Писателката Ведрана Рудан гостуваше во утринската програма кај водителката Јована Јоксимовиќ, која е втора сопруга на познатиот српскиот пејач, Жељко Јоксимовиќ.
Во емисијата „Уранак“ на телевизија К1, Ведрана и порача на Јована дека доколку таа има плата како нејзината, ќе изгледа многу подобро од неа.
Сега, ако бидам платена како тебе, веројатно ќе изгледам подобро од тебе – вели Рудан, а Јоксимовиќ и оговори:
Зарем не се потрудив?
Па, не сум баш сигурна. Не сте вие нешто многу убава, затоа што не сте вложиле во себе. Погледни ме и погледни се себеси. Зошто си толку убава, а јас не? Мислам дека би била многу поубава да ги имам твоите пари – вели Ведрана.
Мислите дека нешто имам вложено во својот изглед? Што сте запнале за моите пари? Кои пари? – праша водителката.
Штом јас ве гледам со три деца, со најновиот џип. А кога ќе видам некој што вози две коли од 500.000 евра и купил вила од Кариќ, можам само да кажам „леле“. А каде е правдата? – истакна писателката.
Добро се омажив – одговори Јована Јоксимовиќ.
Или Жељко добро се ожени? – праша Ведрана.