Португалскиот модел Сара Сампајо направи вистински метеж на мрежите…
Наследничката на Адриана Лима, како што многумина ја нарекуваат, неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм и предизвика вистинска бура во коментарите.
Како што можете да видите, Сара позираше во црни бикини, кои ги истакнуваат нејзините природни добра, а на една од многуте фотографии на Инстаграм го покажа своето лице без трошка шминка, и без филтер за разубавување.
Која е Сара Сампајо?
Сара е манекенка која моментално работи за брендот Викторија Сикрет, а со манекенство започнала на 16 години кога победила на локалниот натпревар Кабелос Пантен во 2007 година.
Во 2013 година таа дебитираше на ревијата на Викторија Сикрет, а набрзо се најде на насловните страници на модните списанија како: „Vog“, „El“, „Glamour“, „Harpers Bazaar“.
Сара во интервју за „Вог“ зборуваше за својата манекенска кариера, но одговори и на незгодното прашање на новинарот зошто се слика гола.
„Манекенството го сметам за форма на уметничко изразување, а голотијата како зајакнување.
Таа додаде: „На крајот на краиштата, ние сме родени голи, и така ќе одиме“.