Велика Британија ги обнови односите со Сирија: Испрати министер во Дамаск за првпат по 14 години

Велика Британија објави дека ги обновила дипломатските односи со Сирија, откако министерот за надворешни работи Дејвид Лами го посети сирискиот главен град Дамаск.

„Постои обновена надеж за сирискиот народ. Велика Британија ги обновува дипломатските односи затоа што е во наш интерес да ја поддржиме новата влада да ја исполни својата обврска за градење стабилна, побезбедна и попросперитетна иднина за сите Сиријци“, рече Лами.

Лами е првиот британски министер што го посети Дамаск по 14 години.

Претходно, на крајот на април, Владата на Обединетото Кралство објави дека ги укинува санкциите против владините служби и медиумите во Сирија. Оваа одлука дојде откако Велика Британија одлучи да помогне во обновата на земјата по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември.