Британската влада планира ограничувања на социјалните медиуми за децата со цел да се справи со „компулсивното“ време пред екран, изјави министерот за технологија за „Скај њуз“.
Питер Кајл изјавил дека е загрижен за „вкупното количество време што децата го поминуваат на овие апликации“, како и за содржината што ја консумираат, објави Телеграф.
Двочасовното ограничување по платформа се разгледува сериозно по состаноците со сегашните и поранешните вработени во технолошките компании. Исто така, се дискутираше и за „полициски час“ ноќе или во училиште.
Децата би биле блокирани од пристап до апликации како што се TikTok или Snapchat откако ќе го достигнат ограничувањето, наместо едноставно да бидат потсетувани колку време поминале прелистувајќи ги апликациите, се разбира.
Најава за времето поминато на екран се очекува оваа есен.
„Ќе објавам за овие работи во блиска иднина. Но, многу внимателно го разгледувам вкупното време што децата го поминуваат на овие апликации“, рече Кајл.
„Мислам дека некои родители се чувствуваат малку беспомошно во врска со тоа како да ги направат своите деца поздрави онлајн. Мислам дека некои деца чувствуваат дека понекогаш има толку многу компулсивно однесување во интеракцијата со апликациите што им е потребна помош само за да ја преземат контролата врз својот онлајн живот и ова се работи што ги разгледувам многу внимателно. Многу зборуваме за здраво детство офлајн. Треба да го правиме истото и онлајн. Мислам дека сонот е многу важен, можноста да се фокусираме на учењето е многу важна“, додаде британскиот секретар за технологија.
Тој исто така нагласи дека сака да ги спречи децата да поминуваат часови гледајќи содржини што „не се криминални, но се нездрави, прекумерната употреба на некои од овие апликации“.
„Мислам дека можеме да ги притиснеме компаниите и да поставиме малку поинаков праг, што ќе ја помести рамнотежата во корист на родителите, така што тие нема секогаш да бидат оние што само ги грабнуваат телефоните од рацете на своите деца и водат навистина незгоден и тежок разговор за тоа“, додаде тој.