„Наш приоритет е да го запреме ова и да ги спречиме овие нелегални премини, а нашата нова оперативна команда работи напорно за да го наруши моделот на работење на шверцерите на луѓе.
Британската Влада сака да ги запре „обжалувањата за депортација“ на оние кои стигнуваат до Велика Британија преку каналот Ла Манш со мали чамци.
Весникот „Тајмс“ објави дека Министерството за внатрешни работи на Велика Британија работи на две опции за да се справи со проблемот со нерегуларната миграција: или да им се забрани на мигрантите да бараат азил или само да им се дозволи право на жалба откако ќе бидат депортирани.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече дека „неприфатливиот број луѓе“ кои ги ризикуваат своите животи поминувајќи го каналот Ла Манш со мали чамци, наметнува „невидено оптоварување“ на системот за азил во земјата.
„Наш приоритет е да го запреме ова и да ги спречиме овие нелегални премини, а нашата нова оперативна команда – засилена со дополнителен персонал од стотици припадници – работи напорно за да го наруши моделот на работење на шверцерите на луѓе“, додаде портпаролот.
„Ние, исто така, одиме понатаму со воведување легислатива што ќе гарантира дека оние лица кои пристигнуваат во Велика Британија илегално ќе бидат приведени и веднаш испратени или во нивната матична земја или во безбедна трета земја.“
Во своето обраќање на 4 јануари, премиерот Риши Сунак рече дека справувањето со проблемот со нерегуларната миграција, познат и како премини преку Каналот, е меѓу првите пет приоритети на неговата влада.
Според официјалните податоци, рекордни 45.756 мигранти го преминале каналот Ла Манш и влегле во Велика Британија во 2022 година.
Покрај склучувањето договор со Франција за борба против шверцот со луѓе преку Ла Манш, Велика Британија, исто така, објави контроверзен план минатиот април за депортирање на барателите на азил во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања.