Венеција заработи голема сума со наплата на влезници во градот, но сепак е во минус

Новото правило за наплата за влез во Венеција предизвика голема огорченост, па дури и протести.

Влезот во Венеција е пет евра, а овој град сега излезе со соопштение за заработката по усвојувањето на новото правило.

Туристите кои дојдоа на еднодневно патување во Венеција со набавка на билети оставија вкупно 975.000 евра, вкупно се продадени над 195.000 билети, што дури и малку ги надмина очекувањата.

Венеција има голем проблем со бројот на туристи, околу 15 милиони годишно, па понекогаш е невозможно да се прошета низ главните улици.

Приходите од оваа такса ќе се користат за подобрување на улици, канали и згради, но сепак трошоците за воведување на целиот овој систем за наплата се повисоки од приходите од самото правило.