Американската пејачка Кети Пери и новинарката Гејл Кинг ќе отпатуваат во вселената со Лорен Санчез, свршеницата на извршниот директор на Amazon, Џеф Безос, и уште три жени, објави вселенската компанија Blue Origin.
Лорен Санчез , пилот и поранешен телевизиски новинар, ги избра членовите на екипажот кои ќе ѝ се придружат на 10-минутниот лет од Западен Тексас, соопшти компанијата, пренесува АП.
Санчез ги покани Кети Пери и Кинг, како и поранешниот ракетен научник на НАСА, кој сега води инженерска фирма, Ајша Боу, истражувачката Аманда Нгујен и филмската продуцентка Кериен Флин.
Летот ќе се изврши оваа пролет со ракета „Њу Шепард“.Точниот датум на лансирање сè уште не е објавен.
Blue Origin има кратки туристички летови во вселената од 2021 година, при што некои патници летаат бесплатно, додека други плаќаат за патувањето.
Интересно, во 2021 година, првото место беше продадено на аукција за 28 милиони долари.
Засега не е познато кој го финансира претстојниот лет оваа пролет.