Верувале или не, Ердоган е во Грција! Турскиот претседател изјави дека неговата посета на Атина ќе придонесе за подобрување на односите (ФОТО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот претседател Катерина Сакеларопулос денеска се согласија дека е неопходно да се подобрат билатералните односи со цел да се промовира меѓународното право и благосостојбата на регионот .

– Потребно е повеќе од кога било Грција и Турција да работат на зајакнување на соработката, промовирање на меѓународното право и благосостојбата на поширокиот регион – рече Сакеларопулу.

Таа изрази надеж дека денешниот состанок на високо ниво на Советот за соработка со Турција ќе биде продуктивен, јавува Anadolu Agency.

Ердоган изјави дека неговата посета на Атина ќе придонесе за подобрување на односите и дека една од целите е да се зголеми обемот на трговската размена на десет милијарди долари .

Турскиот претседател се сретна и со Киријакос Мицотакис, премиерот на Грција .