15-годишно девојче починало од труење со алкохол за време на прославата на роденденот во село во Трансбајкалската област, во југоисточниот дел на Сибир во Русија, соопштија регионалните власти.
Истрагата утврдила дека девојката на роденденската забава со другарките испила силен алкохол, поради што и се слошило и починала следниот ден, објави руската државна агенција РИА Новости.
„Според првичните информации, смртта е последица од труење со алкохол“, се вели во соопштението кое го објавија тамошните власти а го пренесе државната медиумска агенција.
Инспекторите наредиле судско-медицински преглед за да се утврдат причините за смртта на малолетната девојка.