ВЕСТ КОЈА ЈА ЗАГРИЖИ ГЕРМАНИЈА! Најголемиот европски производител ја затвора фабриката, отпушта работници погодени од најголемата криза во 130 годишното работење

Тековните глобални економски предизвици доведоа до значителен пад на нарачките во неколку германски индустрии.

Големи проблеми има и индустријата за мебел, поради што мораше да реагира Rauch Mobelwerke од Фројденберг. Компанијата потврди дека нивната фабрика во Мастерсхаузен ќе биде затворена најдоцна до крајот на јануари 2025 година, додека повеќе од 150 вработени од централата ќе останат без работа.

Компанијата од Баден Виртемберг неодамна поднесе барање за стечај.

Секоја недела конкурент, добавувач или трговец на мало мора да поднесе барање за стечај. Нема знаци за раст на бизнисот, а се чини дека тоа нема да се случи во догледна иднина – велат во компанијата.

Од компанијата наведуваат дека очекуваат економската клима да продолжи да се влошува.

– Произведените количини сега паднаа под критичната вредност за индустриското производство, објаснуваат од компанијата за германските медиуми.

Многу труд е вложен за создавање на нови асортимани, кои исто така наидоа на позитивни реакции, но тоа не е доволно за да се подобри бизнисот во фабриката.

Rauch Mobelwerke е основана во 1897 година и продава мебел за спални соби и гардеробери направени исклучиво во Германија . Компанијата има 1.420 вработени, додека лани имала продажба од 294 милиони евра.

Одржувањето на фабриката во Мастерсхаузен веќе не е можно.

Производството и работењето во Мастерсхаузен треба постепено да се укинуваат, почнувајќи што е можно поскоро по завршувањето на процесот на усогласување на интересите, а најдоцна до 31 јануари 2025 година. Со тоа постепено ќе се елиминира потребата од вработување на 164-те работници кои работат во Мастерсхаузен – се наведува во соопштението.

Најголемиот европски производител на мебел за спални и програми за плакари во Европа, исто така, мора да направи прилагодувања во своето седиште во Фројденберг на Мајна.

Компанијата исто така објави дека има технолошки вишок во фабриката во Фројденберг поради намалениот обем на нарачки.

Планираме намалување на работната сила во две фази до 30 јуни 2025 година. Во моментов се претпоставува дека природниот одлив може во голема мера да спречи отпуштања – наведуваат од компанијата и додаваат дека може да дојде до намалување на бројот на работни места во администрацијата и производството.