Најголемиот украински спортист на сите времиња, легендарниот спортист Сергеј Бубка, обвинет за предавство!
Најуспешниот спортист во историјата на Украина, 35-кратен светски рекордер во скок со стап, повеќекратен европски и светски шампион и олимписки победник од почетокот на руската агресија врз неговата земја, доставува нафта за проруските силите во Донбас, според откритието кое ги запрепасти сите во Украина, преносува „Јутарњи.хр“
Компанијата „Мон Блан“, која е на познатиот спортист Сергеј Бубка и неговиот брат Василиј, работи на привремено окупираните територии и им продава гориво на „руските терористи“, се вели во истражувањето на порталот Bihus.info.
„Точно, не се работи за огромна сума на пари – се работи за 830.000 рубљи или околу 9.000 долари, но возбудата ја предизвика откритието дека се работи за познатиот Бубка, кој тргува со окупаторите на својата земја.
Новинарите открија дека неговата компанија се појавила во рускиот регистар на правни лица на почетокот на 2023 година и дека во мај оваа година склучила официјални договори во окупираниот Донбас за испорака на гориво за повеќе од 800 илјади рубли. Сите договори со окупаторите го носат потписот на Василиј Бубка како шеф на компанијата, за кој се вели дека е државјанин на Руската Федерација, додека Сергеј Бубка е наведен во истите документи како државјанин на Украина.
Семејната компанија на Бубка има и најмалку шест бензински пумпи, од кои сите се наоѓаат на окупираните од Русија украински територии: четири во Доњецк и по една во Макиивка и во близина на Волноваха.
Бубка и претходно беше критикуван во јавноста поради неговите проруски ставови.
Познатиот спортист беше претставник на Партијата на регионите, предводена од Виктор Јанукович.
Украинскиот портал „Спорт“ во април минатата година го обвини Бубка дека се однесува ,,како што дува ветерот” и дека само чека да стане јасно дали Украина или Русија ќе победи, за да застане на страна.
Бубка не се рекламираше многу од почетокот на војната во Украина, поради што беше критикуван од јавноста. Тој никогаш отворено не именуваше крвници за војната, ниту ја осуди Русија како агресор.
Украинците го критикуваа дека не се залага за воведување санкции против спортисти од Русија и Белорусија.