Лондонски Вест Хем денеска му врачи отказ на тренерот Хулен Лопетеги, откако со денови се шпекулираше.
Под водство на шпанскиот стручњак, „чеканите“ забележаа слаби резултати оваа сезона, а отказот уследи по последните два последователни порази од Ливерпул и Манчестер Сити.
„Првата полусезона не беше во согласност со амбициите на клубот и затоа клубот презеде мерки во согласност со своите цели. Управниот одбор сака да им се заблагодари на Хулен Лопетеги и неговиот персонал за нивната напорна работа во текот на времето што го поминаа со тимот“, изјави Вест.Хама.
Иако се уште се неофицијални информации, наследник на Лопетеги на клупата на „Чеканите“ би требало да стане Греам Потер.
Потер е поранешен тренер на Челзи, а без ангажман е по отказот на Стемфорд Бриџ кој го доби во април 2023 година.
Бројни британски медиуми пишуваат дека договорот на Вест Хем со Потер е веќе постигнат и дека неговото назначување за тренер е прашање на формалност.
Вест Хем моментално е четиринаесеттиот тим на табелата во Премиер лигата со 23 бода и е многу блиску до борбата за опстанок.