“ВЕТРОТ СЕ СМИРИ!“ – Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола

Воспоставена е делумна контрола врз пожарот кај Дојран, пред селото Николиќ.

Ова го објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој посочи дека во Дојран храбрите и пожртвувани пилоти на големиот полициски хеликоптер досега извршиле повеќе од 9 налети прецизно фрлајќи ја водата врз најкритичните точки и со подршка на локалните пожарникари воспоставиле делумна контрола врз пожарот и ги изгаснале најкритичните точки и краци.

Додава дека заради силниот ветар и очекуваното невреме на авионот „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Контролата на летање не му било дозволено да полета кон Дојран.

Пожарот кај Дојран го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈПНационални шуми“.

Инаку, според последните информации од жители на селото Николиќ, ветрот се смирил и не го потпомага ширењето на пожарот

ДојранМакедонијапожар