– Низ социјалните мрежи се шири повик за собир на сочувство со семејствата на загинатите во престрелката во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави дописникот на МИА од Белград.
Според најавата, собирот ќе се одржи на белградски Цветни плоштад во 20 часот, кој се наоѓа во непосредна близина на училиштето Владислав Рибникар.
На собирот се повикани бројни активисти и организации.
-Родителите и неколку просветни здруженија ќе одржат собир по повод невидената трагедија што го снајде нашето општество вечерва во 20 часот на Цветниот плоштад во Белград. Дојдете да им оддадеме последна почит на невините жртви, стои во поканата на Твитер страницата на неформалната група „Чувари на огнот“.
Исто така, се дели и покана за собир во Нови Сад. Истата треба да се одржи во 18:00 часот, на централниот градски плоштад.