Првите четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) ќе бидат познати вечерва по одигрување на реванш осминафиналните натпреварите меѓу Бенфика – Клуб Бриж и Челзи – Борусија Дортмунд.
Лондонски Челзи од 21 часот на „Стемфорд Бриџ“ ја пречекува Борусија која победи на сите натпревари од почетокот на оваа година и има предност од 1-0 од првиот натпревар во Дортмунд.
Во истиот термин на дуелот во Лисабон, домашната Бенфика е на чекор до пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ, откако на гостувањето во Бриж пред три недели победи со 2-0.
Две реванш осминафинални пресметки се на програмата и утре меѓу Тотенхем – Милан (0-1) и Баерн Минхен – ПСЖ (1-0