Протагонисти во финалето на светското ракометно првенство меѓу Данска и Франција беа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои судеа три последователни финалиња на меѓународните турнири.
По три недели возбудувања, заврши изданието на најважниот натпреварувачки турнир на еден од спортовите кои се издвојуваат по физичка подготовка.
Данска испиша историја со тоа што стана првата ракометна репрезентација која трипати по ред го освоила Светското првенство во ракомет, откако во финалето одиграно синоќа во Стокхолм ја совлада Франција со 34-29.
Скандинавскиот тим имаше водство во текот на целиот натпревар кое стигна до пет гола разлика (12-7) во првото полувреме. Франција на почетокот на вториот дел успеа да израмни на 17-17, но Данците брзо ја вратија предноста и успеаја да ја одржат до крајот на натпреварот.
Расмус Лауге со 10 гола од 11 удари и Симон Питлик со девет гола ги предводеа Данците до победата.
Историската трета победа на Данска беше причина операторите на мостот Оресунд, кој се наоѓа помеѓу Шведска и Данска, да го осветлат во боите на данското знаме веднаш по натпреварот.
Уште еден рекорд на македонските судии
Не постигнаа хет-трик само ракометарите на Данска во последователните победи на светското првенство. Протагонисти на мечот меѓу Данска и Франција беа македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ја делеа правдата на финалниот меч на првенството.
Ова беше нивно трето последователно големо финале откако беа судии на финалето на Европското првенство во 2020 година и на Летните олимписки игри во 2021 година.
Трета бронза за Шпанија на светското првенство
Репрезентацијата на Шпанија го одбрани бронзениот медал на минатиот шампионат откако во „малото финале“ го совлада домаќинот Шведска, поточно во мечот за третото место со резултат 39:36.
Ова е трет бронзен медал за Шпанија на светските ракометни првенства.
Шпанија повторно ја победи Шведска, а ист исход имаше и мечот на Светското првенство во Малме во 2011 година.
TRT Balkan