Вештачката интелигенција има човечки гласови – ќе се шокирате кога ќе ги слушнете

Новите гласовни модели со вештачка интелигенција се толку реални што речиси и не се разликуваат од човечките.

Компанијата Sesame AI го претстави своето најново достигнување. Станува збор за нов модел на разговорен говор што го нарекоа CSM, што предизвика бурни реакции низ технолошката заедница.

„Мајлс“ и „Маја“, како што се именувани машките и женските гласови за вештачка интелигенција , постигнуваат неверојатно природна комуникација со луѓето.

За жал, јавноста сè уште не може да ја испроба оваа технологија поради ограничениот капацитет на компанијата, која веќе се обидува да се прошири за да овозможи поширок пристап.

Нивната иновација користи посебен мултимодален пристап кој истовремено обработува текст и аудио во еден модел, што резултира со неверојатно природен говор.

 

Она што ја издвојува оваа технологија се суптилните несовршености кои симулираат човечки разговор – како паузирање, длабоки вдишувања, тивка смеа или самокорекција за време на разговор. Токму овие детали ја прават интеракцијата крајно реална.

Реакциите на корисниците кои ги тестираа овие гласовни модели беа поделени. Од една страна, многумина се фасцинирани од квалитетот и природноста на разговорот. Некои дури признаа дека почнале да развиваат емоционални врски со овие дигитални соговорници , што покренува нови прашања за човечката способност да се поврзе со вештачката интелигенција.

Ова не е прв обид да се создадат реални гласовни модели, но секако е меѓу најнапредните. Оваа технологија, иако е импресивна, покренува сериозни прашања за можни злоупотреби.